Маж од Волино се удави во водите на Охридското Езеро кај Струга
На 19.07.2025 година вo 16:30 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во водите на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје, било забележано безживотно машко тело.
По преземени мерки и извршен увид, констатирано е дека се работи за К.И.(49) од селото Волино, општина Дебрца кај кого екипа од Итната медицинска помош, констатирала смрт без траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.
WebOhrid / 20.07.2025 / СВР Охрид
