25/04/2024
Охрид

„Медена земја“ на 4-ти и 5-ти Октомври во Центарот за култура во Охрид

„Медена земја“ на 4-ти и 5-ти Октомври на кино репертоарот Центарот за култура Охрид!

Најнаградуваниот македонски документарец, што со победа во три категории на почетокот на годинава триумфираше на престижниот филмски фестивал „Санденс“,„Медена земја“ (Honeyland), на 4-ти и 5-ти октомвриќе се прикажува во Охрид! Филмот, кој е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди, ќе се прикажува во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, во 20.00 часот.“

„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“

По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.
Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!

Времетраење: 85 мин.

Режисери: Љубо Стефанов и Тамара Котевска
Сниматели: Фејми Даут и Самир Љума
Продуцент и монтажер: Атанас Георгиев
Музика: „Фолтин“
Протагонисти: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам, Љутвие Сам, Музафер Сам…
Жанр: Документарен
Возрасна категорија: Сите

Цена на карта 100 денари, почеток 20.00 часот.