25/04/2024
Регион/Свет

Меѓународен ден на мирот

Секоја година Меѓународниот ден на мирот се одбележува ширум целиот свет, на 21-ти септември. Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи како ден посветен на зајакнување на идеалите на мирот, и во и помеѓу сите народи и народности.

Меѓународниот ден на мирот беше востановен во 1981 година со резолуцијата 36/67 на Генералното собрание на Обединетите нации. Првиот Ден на мирот беше одбележан во септември 1982 година. Во 2001 година, Генералното собрание на ОН едногласно ја усвои резолуцијата 55/282, со кој 21 септември беше одреден како годишен ден на ненасилството и прекин на огнот.

Темата за 2018 година е: „Правото на мир – Универзална декларација за човекови права на 70“ која ја одбележува 70-годишнината од Универзалната декларација за човекови права.

Универзалната декларација за човекови права е важен документ во историјата на човековите права. Изработена од претставници од различни правни и културни средини од сите региони во светот. Декларацијата беше усвоена од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во Париз на 10 декември 1948 година како заеднички стандард на достигнувања за сите народи и за сите нации.

WebOhrid