29/03/2024
Регион/Свет

Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата

Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата се одбележува на 17-ти октомври секоја година, почнувајќи од 1993 година, кога Генералното собрание на Обединетите нации, со резолуцијата 47/196, го назначи овој ден за да се поттикне свеста за потребата за искоренување на сиромаштијата и бедата во сите земји.

Темата за 2018 година е: „Заедно за градење на инклузивен свет за универзално почитување на човековите права и достоинство“, со која оваа година се одбележува 70-тата годишнина од прогласувањето на Универзалната декларација за човекови права. Важно е да се потсетиме на фундаменталната врска меѓу екстремната сиромаштија и човековите права и дека луѓето што живеат во сиромаштија се несразмерно погодени од многу кршења на човековите права.

WebOhrid