25/04/2024
Спорт

Меѓународен Меморијален Атлетски Митинг „Влатко Димитров” во Охрид

Атлетски Клуб „Охрид” заедно со Атлетската Федерација на Македонија на 28.04.2018 година со почеток во 13:00 часот за прв пат годинава ќе организира Меѓународен Меморијален Атлетски Митинг „Влатко Димитров” во чест на Проф. Влатко Димитров долгогодишен тренер на Атлетски Клуб „Охрид” и секако еден од најзаслужните за сите успеси на клубот а и општо на Македонската атлетика.

„За време на своето постоење остави неизбришливи траги во историјата на Македонската Атлетика и како тренер на Атлетски Клуб „Охрид” и како долгогодишен селектор на Атлетска Репрезентација на РМ затоа сметаме дека на овој начин барем малку ќе му се оддолжиме за постигнатото за атлетиката во Охрид и Македонија.“ – велат од Атлетскиот клуб „Охрид“.

Идејата за организација на ваков митинг е уште од минатата година, а оваа година од скоро е официјално во календарот на натпревари на АФМ и понатака ќе биде традиционален во последната Сабота на месец Април секоја година.

„Дисциплините во машка и женска конкуренција ќе бидат следните: 100м, 400м, 1500м, 3000 стиплчез, скок во далечина, скок во височина, фрлање ѓуле, диск и копје, а како меморијална дисциплина на митингот одлучивме да биде скок во далечина во која дисциплина покојниот имаше најмногу успеси во својата долгогодишна кариера па и ден денес неговите атлетичари држат рекорди на Македонија.Во тек сме да обезбедиме некаков скромен награден фонд за таа дисциплина додека за останатите ќе бидат од АФМ обезбедини медали и дипломи. Известување е испратено од АФМ до повеќе Атлетски Федерации и се очекува повратна информација така да сега засега не би можеле да знаеме за некаква бројка на учесници,но секако се надеваме на доста голема масовност,а секако и она што најмногу фали на атлетските терени – ПУБЛИКА на која се надеваме со ваша помош.Наскоро планираме прес конференција за која дополнително ќе бидете известени.“- додаваат од Атлетскиот клуб „Охрид“.