Меѓународна конференција „Охрид – Водици 2021“

Во организација на Институтот за Социо – културна антропологија на Македонија, вчера, започна дводневната конференција посветена на Културното наследство, животната средина, научното истражување и туризмот во време на пандемија.

Конференцијата, согласно мерките за заштита од пандемија се одвива преку зум платформата, а истата ја отвори градоначалникот Константин Георгиески.

  • Сакам да ја изразам мојата благодарност до организаторот, Институтот за социо – култура и антропологија на Македонија, кој и во време исполнето со предизвици најде начин да ја продолжи традицијата на организација на оваа меѓународно конференција во Охрид за време на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Во овие периоди кога не постои дејност која не е погодена од пандемијата со Ковид -19, навистина претставува предизвик за еден град како Охрид кој изобилува со културно – историско богатство, во кој главна дејност е туризмот, да се успее сето тоа да продолжи да се негува и развива. Се надевам дека од денешната Ваша дискусија ќе произлезат нови, свежи идеи кои ќе бидат од големо значење за постојана валоризација, заштита и презентација на културното богатство во Вечниот Охрид, истакна Георгиески.

На конференцијата учество земаат експерти од различни области од повеќе земји од светот.