20/04/2024
Охрид

Меморандум за соработка со планинската спасителска служба при Црвен крст

Денес, официјално беше потпишан меморандумот за соработка помеѓу општина Охрид и Планинската спасителска служба при Црвен Крст – Охрид. Со меморандумот се продлабочувана меѓусебната соработка, која ќе резултира со зголемена координација на активностите меѓу двете институции во врска со спасувањето на планина и тешко пристапни места, во случај на несреќи и природни катастрофи.

Целта на овие активности е ефективна и ефикасна поддршка на локалното население, туристичкиот и стопанскиот сектор, односно сите оние кои делуваат во планинските предели на територија на општината.