28/03/2024
Охрид

Мерки за превенција од ширењето на корона вирусот во Општина Охрид

Од утре, 11.03.2020 година (среда) сите основни училишта, средни училишта и предучилишни установи (детски градинки) на територијата на Општина Охрид, времено ќе запрат со воспитно – образовниот процес, како дел од мерките и активностите за превенција од ширењето на Covid 19- корона вирусот.

Инаку, согласно владината одлука, се дозволува отсуство од работно место во јавните и приватните институции за еден родител со дете до 10 годишна возраст во споменатиот  рок од 14 дена.

Оваа мерка ќе биде во траење од две недели, согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија, а по препорака на Комисијата за заразни болести.

Инаку, времениот прекин на наставата ќе се почитува и во сите високо образовни институции во општина Охрид.