19/04/2024
Спорт

Миа Еминова Блажевска освои 12то место на Медитеранскиот Комен Куп – Лимасол Кипар

Македонската пливачка репрезентација претставувана од Миа Еминова Блажевска и нејзиниот тренер Илија Стојановски, благодарение на ПФМ зедоа учество на Медитеранскиот Комен Куп – Лимасол Кипар кој се одржа на 16 и 17 јуни 2018.

Нашата Миа Еминова Блажевска го освои 12то место во категорија 100м слободно со време 1:01:13 што претставува најголем успех за Македонија оваа година. Воедно, Миа освои 12то место и во категорија 50м слободно со време 28:46, и 16то место 200м слободно.