25/04/2024
Македонија

Мицкоски: Мора некој да сноси одговорност за незаконско приведување на пратениците

Интегрален текст од изјава и одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Имавме една конструктивна средба, дискутиравме околу актуелната политичка и економска ситуација во државата. Господинот Ахмети дојде како што и најави да го честита мојот избор за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се разбира ми посака успех во работењето. Да бидеме како опозиција конструктивна во процесите кои што следат во државата и во парламентот. Ние ги презентиравме нашите ставови околу актуелната економска и политичка ситоација во државата, презентиравме за сето она што мислиме дека погрешно се прави во овој момент. Така што мислам дека имавме една средба, кој што можеби и понатаму ќе прерасне во традиција да имаме почести средби да ги аргументираме нашите позиции. Сето тоа може само да влијае позитивно на  релаксираме  на политичката ситоација во државата.

Господинот Ахмети рече дека не очекува политичка поддршка за реформите, најавивте ли  поддршка?

 -Ние апсолутно, како политичка партија сме ориентирани кон интеграција на државата во НАТО Алијансата и Европската унија и за тоа нема никаква дилема. Сите предизвици кои што стојат на тој пат, вклучително и реформите, апсолутно ќе придонесеме и човечки но и од применлив капацитет да бидат тие што е можно поприменливи, а не само голи бројки на хартија. Туку да бидат и суштински да навлеземе во есенцијата во нивниот квалитет да ги подобриме истите. За да можеме понатаму да креираме општество кое ќе биде повеќе функционално од тоа што е сега. Се разбира дека тоа претставува приоритет на ВМРО-ДПМНЕ во иднина и така и во таа насока ќе продолжиме да се движиме.

Што е со законот за јазици, има ли напредок во позициите?

 -Не дискутиравме за детали ги аргументиравме нашите позиции, они ги аргументираа нивните позиции, од прилика тука заврши дискусијата.

Значи секој на своето?

-Не беа ова преговори за да можеме да кажеме дека секој е на своето него едноставно на таа тема ги аргументиравме нашите позиции.

Како ќе ги поддржите реформите ако не се вратите во Собранието?      

-Во многу наврати во минатотот имаме кажано дека во моментот како политичка партија не можеме со сиот свој капацитет да учествуваме во работата на Собранието. Од  математичка но и политичка причина, математичката е што 12% од нашата пратеничка група е во притвор така што ние не можеме со сиот свој капацитет да учествуваме во работата на парламентот а политичка е имаме сериозно нарушување на демократскиот амбиент во државата а во таа насока како што кажаа изминативе денови претставници на Меѓународната заедница на одговор на владата, односно владата е таа која што  треба да подготви амбиент во кој што амбиент би се чувствувале комотно и опозицијата за да може да бидат присутни во Собранието.

Дали тоа значи дека додека не се пуштат од притвор пратениците нема да има реформи?

– Јас ви го кажав тоа. Имаме една математичка причина и имаме причина која што е политичка. Математичката причина е исто така дефинирана и во извештајот на народниот правобранител каде што е јасно нотирано прекршувањето на законите и уставот. Никој засега нема поднесено одговорност  зошто некој применил таков чекор, односно без да им биде симнат имунитетот на пратениците ги привел, ги држел со лисици, ги понижил пред македонската јавност и за тоа сеуште немаме одгворност. Кога ке имаме одгвоворност ке дискутираме понатаму кои ке бидат нашите чекори. Сега за сега ова е нашиот чекор. Се додека имаме ваква ситуација во државата Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ неможе целосно и од математички но и од политички причини да учествува во работењето на Собранието. Мора некој да сноси одговорност за тој чин. Дали   тоа ке биде министерот или по вертикала надоле тоа ќе остане да одлучат тие кои што ги поставуваат тие лица.