Мицкоски: Охрид мора да излезе од сивилото на власта, охриѓани заслужуваат развојни проекти!
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес беше во работна посета на Охрид. Во изјава за медиумите тој истакна:
„Заедно со идниот градоначалник на Охрид, д-р Кирил Пецаков и носителот на советничката листа на коалицијата „За Обнова на Македонија“ , Сашо Донев сме на средби со граѓаните. Да ги слушнеме проблемите и барањата на граѓаните во Охрид.
Охрид мора да излезе од сивилото на власта, охриѓани заслужуваат развојни проекти, Охрид нема да биде потценет!“ – изјави Мицкоски.
https://www.facebook.com/watch/?v=1433936437016460