19/04/2024
Македонија

Мицкоски оствари средба со амбасадорот на ЕУ и амбасадорите на земјите-членки на ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во просториите на Делегацијата на ЕУ, оствари работна средба со Амбасадор на ЕУ и амбасадорите на земјите-членки на ЕУ.

На средбата се дискутираше за актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија. Мицкоски ги информираше амбасадорите за бројните системски злоупотреби кои се извршуваат од страна на претставници на владејачката коалиција.

Недостатокот на демократскиот капацитет, креирањето на поделби, како и нереализацијата на реформите државата ја оддалечува од европската агенда и не сврстува во редот на најкорумпираните држави, изјави Мицкоски. Тој исто така се осврна и на катастрофалните економски резултати на актуелната Влада кои резултираат со осиромашување на граѓаните.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што верува дека е стратешки интерес Република Македонија што поскоро да стане дел од Европската унија и ќе поддржи секоја процес кој што е во таа насока.