20/04/2024
Македонија

Мицкоски оствари средба со чешкиот амбасадор Томан

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес (22 март 2018-та година), заедно со потпретседателот Александар Николоски остварија средба со Амбасадорот на Чешка во Република Македонија, Мирослав Томан.

На средбата се разговараше за повеќе теми важни за стратешките приоритети на Република Македонија, актуелните политички случувања како и за реформски процеси  важни за државата.

Мицкоски го информираше амбасадорот за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за законот за јазици, истакнувајќи дека парламентарното мнозинство ја погази демократијата и на сила протуркувајќи го донеле закон кој е резултат на коалициските договор на две страни, внесувајќи уште поголема поделба во општестово. Тој истакна дека неколку пати побарал од владата на СДСМ да го повлечат овој предлог-закон за употреба на јазиците, со што ќе се формираат работни групи кои што законот ќе го направат уставен и применлив.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека сериозен проблем преставува политичкиот прогон кој го врши власта и дека тоа е и пречка за придвижување на општествените процеси кои се во застој. Таквите теми ја дефокусираат јавноста од вистинските проблеми на граѓаните. Загрижувачки е загрозената демократија, политичкиот терор спроведуван од власта и стангирачката економија која се одразува врз стандардот на граѓаните, посочи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддршки реформските процеси кои се од интерес на граѓаните.