19/04/2024
Македонија

Мицкоски: Силно сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со Гордана Силјановска Давкова и граѓаните на Македонија ќе извојуваме победа на изборите

Мицкоски: Силно сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со Гордана Силјановска Давкова и граѓаните на Македонија ќе извојуваме победа на изборите

Почитувани,

Како граѓанин денес, овде во подрачната единица на Министерството за правда во Општина Карпош дојдов да се потпишам на кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова и на тој начин практично да ја изразам мојата недвосмислена поддршка пред се како колега, како граѓанин на Република Македонија и како претседател на најголемата политичка партија во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ.

Сведоци сме на секојдневно, перманентно кршење на правото и правдината и еден од условите да повторно Македонија заличи на правна држава, на демократска држава е токму победата на претстојните претседателски избори кои што ќе се случат, првиот круг на 21 април, вториот круг на 5 мај.

Јас сум силно убеден дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со професорката Гордана Силјановска Давкова, но и со граѓаните на Република Македонија ќе извојува убедлива победа над она кое што ќе го кандитира деспотот  Заев заедно со СДСМ и групата која што е собрана околу него и практично од тој ден започнува  враќањето на правото и правдината во Република Македонија.

Гледате имаме една актуелна политичка ситуација каде што правната држава во Македонија функционира по принципот „дајте ми човек, ќе креирам обвинение“, тоа се случува изминатите неколку дена.  Граѓаните на Република Македонија, ние како политичка партија комплетно ја имаме загубено довербата во правната држава, ја имаме загубено довербата во обвинителството, ја имаме загубено довербата во судството. И доколку еве апелирам од овдека владејачкото мнозинство навистина верува во честитоста на обвинителството и навистина верува во  независноста на судството редно е да  го исполни барем едно од ветувањата во нивната изборна програма за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, а тоа е Јавен обвинител на предлог на опозицијата.

Ја користам оваа прилика да го повикам Зоран Заев и Владата на Република Македонија да се охрабрат, да се осмелат и да потврдат навистина дека тоа што го говорат дека немаат замешателство во одлуките на  обвинителството и во  одлуките на судството да го потврдат со тоа што ќе го поддржат предлогот на опозицијата за Јавен обвинител. На тој начин ќе покажат уште еднаш дека веруваат во чесни, фер и правични претседателски избори кои што следуваат како што рековме на 21 април и на 5 мај.

А јас ја користам оваа прилика овдека од Карпош да ги повикам граѓаните масовно да се придружат и да го поддржат кандидатот Гордана Силјановска Давкова да ги повикам на 21 април масовно да излезат и да гласаат за кандидатот, Гордана Силјановска Давкова и на тој начин да отпочнеме да пишуваме заеднички, една нова истотија за Република Македонија и за граќаните во Република Македонија.

Ајде сите заедно да ја вратиме Република Македонија онаму каде што и е местото, да владее правото, повторно да ја поставиме правната држава, повторно да ги вратиме успесите на планот на економијата. А не, пљачката и криминалот кои што се за жал денеска секојдневие во Република Македонија. Да го исчистиме деспотизмот и да си ја вратиме Република Македонија на граѓаните.

Првиот чекор, граѓани на Република Македонија, имате шанса и можност да го направите токму на 21 април. Од тогаш почнува падот на деспотот и на онаа мала група која што се уште го поддржува. Време е да заминат на темната страна на историјата.

Прашање од новинар: Рековте дека нема да гласате за реформските закони и во процесот Жан Моне, доколку не се поддржи вашиот предлог за Јавен обвинител. Што доколку власта тоа не го дозволи и не ги ослободи, мислам, овие за кои се бара одземање на имунитетот за пратениците?

Одговор на Христијан Мицкоски: Јас и во мојата изјава кажав дека, денеска Македонија како правна држава функционира по принципот, дајте ми човек ќе му смислам обвинение. Отприлика на тоа се сведува правото, и одприлика на тоа се сведува обвинителството и судството во Република Македонија. Ние како политичка партија нема да поддржиме ниту еден производ кој што ќе произлезе од оваа криминална непотистичка  и насилничка Влада, предводена од деспотот Заев, се до оној момент додека не видиме дека од спротивната страна навистина постои добра волја и чесна намера, да Македонија се врати на вистинската патека. А тоа е, да биде повторно правна држава каде што ќе владее правото.

Првиот чекор е, еве овој. А тоа е, да се поддржи кандидатот на опозицијата за нов Јавен обвинител во Република Македонија. Има уште неколку чекори, кои што, доколку Зоран Заев нареди, јас сум убеден дека Јавниот обвинител веднаш ќе ислугува и ќе ги испорача, a тоа е, најпрвин да ди разгледаат евидентираните недоследности и неправилности кои што се случуваа за време на референдумот на 30-ти септември 2018-та година. Каде што се кршеа светски рекорди, каде што законот на физика беше мало дете, кога луѓето успеваа да гласаат за 2,4 секунди, дури и Усаим Бод можеше да им позавиди на луѓето. Каде што имавме излезеност, на некои избирачки места, поголема од 98% иако во минатото, ако ги анализирате изборните циклуси, ќе видите дека таму излезеноста не надминала педесетина проценти.

Еве му два хинта од наша страна каде што он навистина може да докаже дека ова е правна држава дека навистина постои честитост да ги изведе пред лицето на правдата сите оние сторители на тие недела и на тој начин практично на нас како опозиција ќе ни ги одземе аргументите и ние навистина ќе се повлечеме. Но јас не верувам дека он ќе се охрабри ќе се осмели бидејќи тие слуги тоа го прават за да му слугуваат и за да може на нечесен начин да го крадат гласот на народот и гласот на граѓаните. Oо ние на следните претседателски избори ќе сториме се да повторно не се случи. Tака да еве долгата приказна на кратко има еден начин тоа е да го поддржи предлогот на опозицијата за нов јавен обвинител и вториот е да ги изведе пред лицето на правдата и да ја добијат заслужената правдина за сите недела оние лица кои што безмилосно и брутално ги полнеа кутиите за време на референдумот каде што повторно ќе кажам луѓе гласаа за неверојатни 2,4 секунди и излезеноста беше 90 %.

Јас навистина сум вчудоневиден како е можно до ден денешен после неколку месеци никој да не се охрабри да го постави ова прашање и на јавното обвинителство и на министерката за правда и неправда и на претседателот на Владата деспотот Зоран Заев. Ако ние треба да живееме во држава каде што мракот и темнината ќе ја задушат критичката мисла одбивам и ќе се борам во првите редови да тоа замине во историјата. Првиот чекор граѓаните можат да го направат на 21 април подржувајќи ја масовно професорката Гордана Силјановска Давкова за името на правото и правдината да се вратат повторно во Република Македонија и да се спасиме од деспотизмот кој што за жал денеска масовно зафаќа размери во Република Македонија. Ајде сите заедно да го подржиме овој предлог во името на правото и правдината во името на честита Република Македонија.

 Прашање од новинар: Како го коментирате писмото што е објавено во весникот Лајм каде се праќаат закани од кумановската група до вашите поранешни функционери?

 Одговор на Христијан Мицкоски: Како можам да го коментирам освен да кажам дека тоа е уште еден обид да јавноста се дефокусира од сите овие злодела кои ги прави оваа криминална непотистичка и насилничка власт луѓето претпоставувам се обидуваат од внатре да му слугуваат  на деспотот Заев притоа надевајќи се гледајќи каква е реалноста дека он може да измени закони доколку тоа му е неопходно на него и на тие околу него претпоставувам бараат определена   милост од деспотот Заев за да може што побрзо да излезат од таму или нешто друго да се случи. Инаку како човек грозоморно и монструозно е да воопшто коментираме едни такви изјави од луѓе кои што се соочуваат со затворска казна која што е резултат на она што тие го сторија за време на кумановските настани односно на местото Диво Насеље. Обично кукавици преку фејсбук  се закануваат по луѓе и по политичари и по граѓани еве како сакате земете, а притоа се обидуваат да му слугуваат на владетелот за да добијат што помала казна. Сте сториле нешто има да одговарате.