25/04/2024
Македонија

Мицкоски со честитка по повод почетокот на рамазанските пости

Почитуван реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, почитувани членови на Ријасетот, почитувани граѓани на Република Македонија од исламска вероисповест,

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам почетокот на рамазанските пости.

Овие денови се денови на сплотеност, семејна хармонија и добродетелство кон блиските, роднините, пријателите и соседите.

Рамазан е најсветлиот месец во исламот, месец каде се покажува великодушноста спрема сиромавите со надеж за милост и бериќет

Богоугодноста, секое хумано дело и заедничко разбирање се придонес кон подобро општество и унапредување на нашето најголемо богатство, соживотот и толеранцијата.

Македонија е земја на етнички, културни и верски различности и затоа взаемната почит е суштинска за нашиот напредок на секое поле.

Ви посакувам светиот месец Рамазан да Ви помине во лесен пост со радосни празнични денови.

Нека радоста, милоста и добродетелството Ве следат во текот на целиот пост, целата година и за целиот Ваш живот.

Со почит,

Христијан Мицкоски,

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ