25/04/2024
Охрид

Мицкоски: Владата е обезличена, со изгубен кредибилитет- видлива е нејзината неспособност и запрепастувачко незнаење

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата.

Мицкоски посочи дека Охрид е на маргините на вниманието на власта, дека нема перспектива и нема нови инвестиции.

Власта предводена од СДСМ се служи со манипулации и поинакви вештини и стратегии. Последниот податок кој што го рекоа без срам е дека имале постигнато висок број на странски инвестиции од околу 656 милиони евра, но СДСМ заборава да каже дека половина милијарда односно 500 милиони е реинвестираната добивка на странските компании што ги донесе Владата на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што во четвртиот квартал сите тие акумулираната добивка ја извадија и ја реинвенстираа бидејќи од 1-ви јануари наваму благодарение на касапааната која што ја прават во даночната политика им воведоа данок на реинвестираната добивка и им го зголемија персоналецот на распределената добивка. Реинвестираната добивка не е нула како што беше во наше време туку сега е 15%, појасни Мицкоски.

Мицкоски се осврна дека нема напредок во општеството со капитални инвестиции од само 1 посто раст.

Заевизмот го гуши општеството кое го преполни со криминал и неодговорно владеење. Станавме држава каде судството и обвинителството работат по нарачка на власта, а наместо развој имаме прогон и страв како механизам на владеење. Но полека целокупната власт се разголува и губи контрола, не е веќе прашање на избор, туку обврска да се победи заевизмот, изјави Мицкоски.