28/03/2024
Македонија

Мицкоски: Завршува времето на Заев, граѓаните на 15 јули ќе изберат Обнова на Македонија

Интегрален текст од изјава за медуими на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска сме овде заедно со жителите на Крива Паланка, практично е претпоследен ден од кампањата за предвремените парламентарни избори.

Денеска завршуваме овде со собир во Крива Паланка со граѓаните, претходно ќе ги посетиме и Кратово и Ранковце.

Од она кое што можев до сега да го видам и да слушнам од граѓаните практично е иста сликата секаде тажна, мачна, луѓето не се задоволни од секојдневието, не се задоволни од ова политичко мочуриште наметнато од пандемија повеќе од три години од ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев кое што гледаме цела кампања ја помина заглавено во минатото, сеуште споменувајќи некаков режим, а имаа повеќе од три години да се справат со тоа кое што они го нарекуваа режим.

Наместо денеска да бидат нивни лојални поддржувачи и верен коалиционен партнер имаа можност повеќе од три години да покажат и докажат дека тоа што го тврдеа во минатото е вистина.

Но, она што е вистина и е факт е дека ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев ја донесе нашата држава, нашата Македонија и ја претвори на дното, ја претвори во хибриден режим, а на скалата на Транспарентност Интернационал по нивото на криминал и корупција практично се наоѓаме на 106 место или би рекол на дното во Европа.

Ние какао ВМРО-ДПМНЕ изминатите 19 дена, така и денеска зборувавме за нашата понуда,  зборувавме за нашиот проект Обнова кој е испитан на 360 страни, зборувавме како до повисоки плати, повисоки пензии, како до 4 милијарди евра за странски и домашни инвестиции, како до 640 милиони евра субвенции за земјоделците и нов иновативен пристап во земјоделието, како до реформи во здравството, правосудството што е есенција.

Така што имавме што да понудиме и имавме успешна кампања и цениме дека поддршката од страна на граѓаните нема да изостане во среда, а потоа да ги засукаме ракавите и сето она кое што сме го ветувале, сето она за кое што се обврзавме да го испорачаме.