25/04/2024
Охрид

Михајловски: Креирањето на квалитетни младински политики е основа за просперитетна и напредна младина

СДСМ и коалицијата „Најдоброто за Охрид“ денес одржа прес-конференција на која се обрати кандидатот за советник, Бојан Михајловски.

„Почитувани охриѓани, драги млади. Креирањето на квалитетни младински политики е основа за просперитетна и напредна младина, која има капацитет да биде двигател на нови можности за развој во едно општество. Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Константин Георгиески во текот на изминатиот период посветено работеше за подобрување на условите за младите охриѓани.

Освен големата поддршка за развој на спортот и инвестиции во сите училишта, општината овозможи средства за дополнителна мотивација во образованието. Минатата година беа доделни 288 ученички и студентски стипендии, а оваа година беа доделни рекордни 412 ученички и студентски стипендии со вкупен износ од околу 8,4 милиони денари. Континуирано се работи на аплицирање и имплементирање на проекти, од меѓународни програми, кои даваат поддршка на младите.

Веќе е започната процедура за отстапување на времено користење простор и спроведување постапка за формирање Младински Центар во просториите на поранешната касарна. Планиран е Јавен повик за избор на младинска организација која ќе раководи и управува со овој центар. Функцијата на Младинскиот центар е да подготвува и спроведува програми за развојот на личниот, социјалниот и професионален живот на младите.

Воведуваме практиката на редовно усвојување на Младинската програма со мерки и активности, планирани резултати и мерливи показатели за успех. Работиме на креирање на Стратегија за млади и Младински буџет за потребите на младите во делот на подобрување на вештините за вработување, курсеви за јазици, платена пракса во општински институции.

Создаваме услови и поддршка за креирање на стартап бизниси, за што веќе е изработен проект и одобрени се средства за негова имплементацијаНашата цел е да ги мотивираме младите да останат во Охрид и да го градат своето семејство и својата професионална кариера тука.

Затоа на 17ти октомври масовно да излеземе на гласање, да го заокружиме бројот 12, за поддршка на нашиот градоначалник Константин Георгиески и за советничката листа на коалицијата “Најдоброто за мојата општина“. Убедени сме дека заедно со вас младите носиме уште една голема победа за Охрид!“ – истакна Михајловски.