25/04/2024
Охрид

Милошевски: Новиот и модерен плоштад ќе биде гордост на охриѓани и туристите

Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митре Милошевски, денес на Градскиот плоштад во Охрид одржа прес-конференција на која покрај многуте други проекти од Програмата, ја најави и реконструкцијата на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“.

„Охрид мора да биде убав, да направиме од градот убаво и квалитетно место за живеење со светла иднина за охриѓани.

Мотивирани и убедени во подоброто утре најавуваме Реконструкција на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“. Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ има потреба од проширување и дополнително уредување со комплетно партерно уредување.

Новиот и модерен плоштад ќе биде гордост на охриѓани и туристите. Културните, музичките и останати манифестации заслужуваат нов убав уреден плоштад.

Охриѓани и туристите мора да добијат модерно место за релаксирање, разговор и пријатно поминато слободно време. Покрај тоа, со уредувањето на нови и одржувањето на постојните паркови придонесуваме за поубав и позелен лик на градот.

Помина доволно долго време за граѓаните да сфатат дека ветуваниот живот и проектите нема да се реализираат. Затоа ние нема да застанеме тука со уредување и реконструкција на плоштадите, како и со реализацијата на многу други проекти од Програмата.

Охрид и охриѓани го заслужуват тоа.

Број 5 за работа, успех и иднина!

5 за Убав Охрид,

5 затоа што Охрид повикува!“ – истакна Милошевски.