Милошевски: Охрид мора да биде град на еднакви можности и шанси за сите

Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митре Милошевски, денес одржа прес-конференција на која најави повеќе проекти за обезбедување на достоинствен живот во Охрид и еднакви можности за сите, изградба на социјални станови и други заложби и нови дела за напредок во градот.

„Грижатa, солидарноста и хуманоста за нашите сограѓани е насочена кон обезбедување достоинствен живот. Охрид мора да биде град на еднакви можности и шанси за сите. Град на нови дела за напредок и убаво место за живеење.

Започнуваат нови проекти за убав Охрид:

Приоритетен проект за охриѓани „Проект за изградба на социјални станови“.

Целта е станбено решавање на социјалните случаи кои се најзагрозени.

Изградба на станови кои ќе може да ги користат семејствата со социјален ризик, огромна помош да добијат свој дом, но исто така и оние граѓани кои заради временски непогоди или несреќен случај го изгубиле својот дом.

За убав град, лично ќе се заложам за проширување на меморандумот за соработка со Општата болница.

Доделување еднократна парична помош за секое првородено дете – 6000 денари, второродено 9000 денари, третородено – 12 000 денари, четврто – 15 000 денари).

За убав град, субвенции на комунални трошоци за ранливи категории на граѓани.

За убав град, патеки за слепи лица како предуслов за обезбедување на самостојно живеење и непречено движење на слепите лица.

За убав град, можност за субвенционирање на граѓани со над 50 години при само-вработување во социјални активности.

Целта е поврзување на двете категории граѓани, едната повозрасната категорија граѓани и онаа категорија граѓани кои се во состојба на социјално-заштитна потреба и имаат потреба од услуги од типот чување на деца и на стари изнемоштени луѓе.

Нашите заложби со новата Локална самоуправа ќе бидат намалување на зависноста на граѓаните од волјата на поединци во институциите.

Мерките мора да функционираат за заштита или превенција од длабока сиромаштија и од наталожување од социјални ризици кај граѓаните.

Решителноста и одлучноста се наши заеднички одлики!

Наша заедничка одлика е бројот 5!

5 за новиот градоначалник!

5 за убав град!

Охрид повикува!“ – истакна Милошевски.