18/04/2024
Охрид

Милошевски: Охриѓани и туристите заслужуваат нови уредени катчиња за поубав и позелен лик на градот

Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митре Милошевски, денес одржа прес-конференција на која истакна дека охриѓани и туристите заслужуваат нови уредени катчиња околу Езерото.

„Охрид мора да е убав, да функционира. Охрид не смее да биде заборавен, ниту запоставен.

Разубавувањето на делот околу Охридското Езеро е наш приоритет. Охриѓани и туристите заслужуваат нови уредени катчиња за поубав и позелен лик на градот.

Изградба на нов плоштад Студенчишта.

Пешачко-рекреативните патеки од мостот кон Хотелот Парк и од Котва до Билјанини Извори наметнаа потреба да се изгради нов модерно хортикултурно-уреден парк на просторот од пресекот на улиците „Кеј Македонија-АСНОМ“ и ресторанот „Котва.

На самиот плоштад, ќе има и парк за миленици кој ќе биде ново препознатливо место во градот, а додека сме тука да потенцирам дека состојбата со бездомни животни веднаш ќе биде решена.

За убав град:

Изградба на Кеј како модерно шеталиште за охриѓани и туристите, Реконструкција на плоштадот Крушевска република со кој се добива нов и модерен лик, Уредување на парковите на влезовите на Охрид, Доуредување на плоштад во Љубаништа.

Партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки. Преку добрите решенија директно даваме придонес за почиста и поздрава животна средина.

Со напорна работа и максимална посветеност да придонесеме за подобра Локална самоуправа. Градот мора да се развива и да има успеси. За подобри улици, патишта, канализациони мрежи, учлишта, градинки, спортски сали, паркови, локални индустриски зони, и многу многу други проекти.

Нашата работа ќе биде таа која носи поубав и подобар град, подобар живот и подобра иднина.

Затоа на 21 април, бројот 5 е единствениот избор за убав Охрид. 5 за убав град! Охрид повикува!“ – истакна Милошевски.