23/04/2024
Охрид

Милошевски: За убав град културата треба да биде на пиедестал

Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митре Милошевски, денес одржа прес-конференција на која истакна дека уникатните вредности на Охрид треба го промовираат градот како развиена културна средина. Неговата заложба ќе биде одржување на што поголем број меѓународни манифестации, национално-културни настани, концерти и претстави, изложби и промоции.

„Уникатните вредности на Охрид ни даваат насока и обврска за културен резултат во секоја активност која ја цениме како промотор на градот, определување на неговите вредности и зачувување на ликот на градот.

За убав град културата треба да биде на пиедестал, а нашата заложба ќе биде одржување што поголем број меѓународни манифестации, национално-културни настани, концерти и претстави, изложби и промоции.

Охрид како развиена културна средина да биде театарска и филмска ризница од културни вредности преку:

Подрршка за фестивалот Охридско лето како еден од најрепрезентативни фестивали на кој настапуваат врвни светски имиња;

Организација и поддршка на Охридската академија на хуманизмот;

Прличевите беседи и Поетска ноќ во Велестово да бидат поетски бисери за градот, одржување и поддршка за фолклорните фестивали Охрид фест, Канео фест, Охридски хорски фестивал, Француски филмски фестивал, Фестивалот на Египќани, реномираниот Балкански фестивал на народни песни и ора, и уште многи други.

За афирмација на културата и туризмот за убав град вниманието го насочуваме кон:

Обележување на културни историски и археолошки локалитети со легенда;

Означување на локациите во градот од каде што се напишани староградските песни со кратка легенда и текстот на песната;

Поставување рекламни билборди со автентични фотографии од стар Охрид како сведоштво за изгледот на градот во минатото.

За убав град зацртаното како цел е реално и остварливо со што културниот живот ќе оди во вистински правец затоа што Охрид го заслужува тоа.

5 за театарски и филмски град. 5 за победа на Охрид. 5 за убав Охрид. Охрид повикува!“ – истакна Милошевски.