28/03/2024
Регион/Свет

Минатата година најтоплата во Европа од почетокот на мерењата

Минатата година, 2019, е најтоплата година во Европа од кога се вршат мерења, предупреди Copernicus Climate Change Service (C3S), телото на ЕУ што ја следи климата. Со 2019 како најтопла година се завршува и најтоплата деценија (2010-2019) во Европа од почетокот на мерењата.

Според C3S светските температури во 2019 година биле само 0,04 Целзиусови степени пониски отколку во 2016 година, кога температурите скокнаа за 0.12 Целзиусови степени поради климатската појава слична на Ел Нињо.

Истовремено, во 2019 продолжила да расте концентрацијата на јаглерод во атмосферата и исто како и температурите, постигнала рекордна вредност. Концентрациите на јаглерод двооксид (CO2) лани биле највисоки во последните 800.000 години, велат од (C3S).

извор: мета.мк