Министерот Фазлиу и градоначалникот Стојаноски на разглед на патеката која води од Саат кулата до Горна порта

Во рамки на работната посета на Охрид, Министерот за Локална Самоуправа Сухејл  Фазлиу и градоначалникот Јован Стојаноски беа на увид на патеката која од Саат кулата води до старата училишна зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“.

Министерството за Локална Самоуправа за овој проект издвои четири милиони денари, а со свои средства учествуваше и општина Охрид.

Поплочените патеките се   со должина од 250  и 275  метри квадратни.

Изведувач на градежните активности  беше  фирмата „Тане 2007“ од Охрид.