28/03/2024
Македонија

Министерот Хасан на средба со Стопанската комора на Истанбул

Стопанската комора на Истанбул беше основана во 1882-ра година, кога Османлиската држава одлучи сите претставници на индустрискиот сектор да се во една институција. Денес, Стопанската комора на Истанбул е една од најголемите стопански комори во светот, со регистрирано членство од 350.000.

На средбата министерот Хасан ги презентираше поволностите кои нашата земја ги нуди за инвестирање, владините мерки и политики кои обезбедуваат поддршка на странските компаниите за реализација на успешен бизнис, меѓу другото министерот го покани на посета кај нас на која г-динот Шекиб Авдагич одговори позитивно и кажа дека во иднина е отворен за предлози на министерот Хасан.