29/03/2024
Македонија

Министерот Ќахил на комеморативната церемонија на 79-годишнината од смртта на основачот на Современата Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк

Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, проф. д-р Аднан Ќахил, денеска присуствуваше на комеморативната церемонија по повод одбележувањето на 79-годишнината од смртта на основачот на Современата Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк.

Одбележувањето на 10-ти ноември, смртта на Ататурк беше организирано од страна на Амбасадата на Република Турција, во Република Македонија, каде пред присутните се обрати амбасадорот Н.Е. Тулин Еркал Кара.

На церемонијата, точно во 09:05 часот, присутните му оддадоа почит на Мустафа Кемал Ататурк и неговите дела, со едно минутно молчење, по што следеше интонацијата на химната на Република Турција.