20/04/2024
Македонија

Министерот Николовски на средба со „Катар Инвестмент Ауторити“ и со катарскиот министер за животна средина и за земјоделство

Во рамки на официјалната посета на Катар, вчера министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, имаше средба со главниот извршен директор на „Катар Инвестмент Ауторити“, Абдула бин Мохамед бин Сауд Ал Тани. На средбата беше разговарано за конкретни проекти во земјоделството, кои се значајни за развој на македонскиот аграр.На покана на министерот Николовски, извршниот директор на „Катар Инвестмент Ауторити“, најави дека многу скоро ќе дојде во посета на Република Македонија.

Во текот на вчерашниот ден, министерот Николовски, беше во катарското Министерство за животна средина во кое спаѓа и секторот за земјоделство, каде што оствари средба со Шеикот Фалех бин Насер Ал Тани. На средбата беа презентирани искуствата и технологиите на Катар во областа на земјоделството, кои би можеле да се применат за развој на македонското земјоделство.

Работниот ден заврши со средба на домаќинот, министерот за локална самоуправа и животна средина Шеик Ал Румаихи, кој што изрази голема благодарност за посетата на министерот Николовски. На средбата беа потенцирани можностите за развој и инвестиции во земјоделството, како и идните чекори за унапредување на трговската соработка.

Инаку претходно, министерот Николовски, имаше средба со државниот министер за надворешни работи на Катар, Султан Ал Мураикхи, на која што министрите разговараа за билатералните односи на двете земји, како и за идните чекори за унапредување на соработката, со посебен акцент на трговската соработка меѓу двете земји.

Исто така во рамки на официјалната посета на Катар,министерот Николовски се сретна и заменик- главниот извршен директор на катарскиот државен фонд за инвестиции „ Хасад Фуд“, г-дин Ал Кувари, на која што беа претствени низа можности кои беа предмет на интерес на катарската страна , а се од особено значење за развој на македонскиот рурален сектор, како и можноста за извоз на македонски земјоделски производи во Катар.