19/04/2024
Македонија

Мирослав Масин изложува во Љубљана

Денес во организација на Младинскиот културен центар – Скопје, а со поддршка на Министерството за култура на РМ, ќе се одржи втора самостојна изложба на Мирослав Масин во Љубљана, во реномираната галерија Кос на Штефанова 5. Ќе бидат изложени дела од циклусот „Enchantè“, работени последниве четири години…

„Со изложбата ‘Enchantè’ на академскиот сликар Мирослав Масин во галеријата Кос во Љубљана, имаме можност уште еднаш да се запознаеме со делата на овој редок сликар со изразита креативна енергија. Неговото сликарство преставува магична лирска експресија во којашто најчесто централно место зазема женскиот елемент без разлика за кој циклус од неговото творештво говориме“, пишува историчарот на уметност Климе Коробар.

Мирослав Масин е еден од најистакнатите македонски сликари, зад кој се педесетина самостојни изложби во повеќе светски центри на уметноста. Автор е и на повеќе перформанси, инсталации, како и илустратор на повеќе поетски збирки и сценографии.

Изложбата во Љубљана ќе биде отворена до 3 декември.