26/04/2024
Македонија

Мировниот корпус со поддршка за развој на образованието

Американскиот мировен корпус ќе продолжи да ги поддржува владините напори за унапредување на сферите на општественото живеење во Македонија, подеднакво како во урбаните, така и во руралните средини. За оваа намена и годинава ќе бидат ангажирани волонтери, кои меѓу другото, предвидено е да се вклучат и во работата на основните и средните училишта во земјата, со цел придонес кон подобрувањето на квалитетот на наставата, особено на часовите по англиски јазик.

Ова беше истакнато на средбата помеѓу министерот за образование и наука, Арбер Адеми и Марк Хенфин, директорот на Мировениот корпус и Дејвид Рут, Програмскиот директор на Мировнит корпус за Макединиа која се одржа во Министерството за образование и наука.

За време на разговорот, министерот Адеми истакна благодарност за досегашната соработка, но и задоволство што Мировниот корпус останува искрен партнер на Македонија во остварувањето на целите од националните стратешки документи, меѓу кои и Стратегијата за образование 2018 – 2025 година.

Мировниот Корпус е американска невладина организација посветена на светскиот мир и дружење. Организацијата работи преку волонтери кои две години живеат и работат во локалните заедници. Основана е во 1961 година од страна на претседателот Џон Ф. Кенеди.

Во изминатите 22 години, повеќе од 7.200 граѓани волонтери на САД ги спроведуваа принципите на Мировниот корпус во Република Македонија и даваа придонес во напорите за подобрување на состојбите во образованието, во развојот на дијалогот меѓу заедниците и промоцијата на државата.