25/04/2024
Спорт

Мистер И и Санитарија Грини ќе играат во финалето од Турнирот Петровден – Мешеишта

Екипите на Мистер И и Санитарија Грини ќе играат во финалето од турнирот Петровден – Мешеишта. Синоќа во полуфиналето Мистер И победи со 1:0 против Сатеска, додека пак Санитарија Грини со 2:1 победи против Др Баткоски.

Традиционално, финалето ќе се игра на Петровден, утре (12.07.2018) со почеток во 22:00 часот, додека пак напреварот за трето место помеѓу Сатеска и Др Баткоски ќе се игра еден час порано, односно во 21:00 часот.

WebOhrid