Митрополитот Тимотеј ќе чиноначалствува за Крстовден на Плаошник

Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, ги известува своите верни чеда дека за време на претстојниот празник „Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден“ на 27.09.2020 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј ќе чиноначалствува во манастирот св.Климент и Пантелејмон – Плаошник.

Поради настанатата состојба со корона вирусот КОВИД-19, се известуваат верниците кои сакаат да дојдат и присуствуваат на богослужбата, ќе мора да се придржуваат кон мерките на Владата за спречување и ширење на вирусот, што подразбира носење на заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држење на определеното растојание.