19/04/2024
Охрид

Младата охриѓанка Ајше Хасан го освојува светот

Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски денеска во својот кабинет ја прими Ајше Хасан која  го понесе  македонскиот тим  на врвот со четири златни медали во четири категории  на Светското натпревар   „Талентирани интелектуалци“ што од 20 до 23 април годинава се одржа  во Кенбрич, Англија.

Хасан која што беше единствената охриѓанка на  натпреварот  му се заблагодари на градоначалникот Стојаноски за целосната  поддршката што ја доби од општина Охрид да   замине за Англија и да има можност  да се натпреварува  со млади таленти од 40 земји од Европа, Азија, Африка ,Америка и Австралија.

Градоначалникот Стојаноски истакна дека младата Хасан ги оправдала очекувањата на општината посочувајќи дека таа е пример колку е битно  млад човек да  учи и постојано да се надградува за да  си овозможи себе си добра иднина.

Ајше Хасан е матурантка  на Јахија Кемал колеџот во Струга,  а по постигнатите резултати на натпреварот во Англија добила понуди своето образование да го продолжи на „Кингс“ Колеџот во Лндон, Универзитетот  „Манчестер“ или на Бристол колеџот кои спаѓаат во групата на 100 најдобри универзитети во Светот.     Таа потекнува од  охридско семејство  со просечни примања и се надева дека ќе доби државна стипендија  за да може да  го продолжи своето образование на еден од универзитетите во Англија.