25/04/2024
Охрид

Младински мултикултурен камп за лидерски вештини, тимска работа и преземање иницијативи

Во текот на изминатиот викенд, во хотелот ‘’Коцарев’’ здружението за мултикултурна интеграција, ‘’Инклузија’’ од Охрид, одржа младински мултикултурен камп за лидерски вештини, тимска работа и преземање иницијативи, со 20 средношколци и студенти од различни етнички заедници од Охрид, Струга и Дебрца.

Обучувач на кампот беше д-р. Лазар Ѓуров од Институтот за личен развој, ‘’Симбиотика’’ од Скопје, кој ги поттикна младите луѓе да учествуваат во создавање самоиницијативни, способни и самосвесни единки кои неограничено ќе ги користат нивните потенцијали.

Оваа активност се реализираше во рамки на проектот ‘’Промоција на меѓукултурни партнерства низ езерото’’, финансиран од Европската Унија, Локалната агенција за развој и ‘’Креативни и активни’’, од Струга.

Проектот има за цел промоција, изградба и унапредување одржливи партнерства помеѓу младите од различни етнички заедници во регионот долж Охридското езеро, како и да се развијат лидерските капацитетите кај младите и да се здобијат со вештини за управување со носечки иницијативи, за интеграција на заедниците и да се претстават позитивните аспекти на живеењето во мултикултурни средини, да се зајакне меѓуетничка толеранција и да се препознае важноста на заедничкото културното наследство кај младите генерации.