06/12/2024
Охрид

Младите поети – учесници на Балканскиот поетски камп, ќе ги внесува балканскиот и европски маг, академик Луан Старова

Во тајните на книжевното создавање, младите поети – учесници на Балканскиот поетски камп, ќе ги внесува балканскиот и европски маг, академик Луан Старова, заедно со други истакнати автори

Сите подготовки за непречено одржување на традиционалниот Балкански кам за деца и млади Поетски искри од огништето на Ванчо Николески, беа завршени, но поради корона-кризата, почетокот еднаш беше одложен.

Организаторот – Друштвото за култура и литература Мацково од Охрид, сега соопштува дека ќе нема ново одлагање и дека Кампот ќе се одржи последната седмица од август.

-Како што се гледа Охрид е преполн со туристи.Ги има од земјата соседството, европските земји и подалеку.Течат и некои од културниоте манифестации, по нови медицински протоколи, согласно безбедносните потреби.Охрид не беше,не е и не се очекува да биде жариште на зараза. Ќе ја следиме ситуацијата, манифестацијата – сама по себе е редуцирана на мал број учесници, но, доколку е потребно имаме и План Б, а тоа е  дигитално издание на Кампот, со пренос во живо на посебен YouTube канал,појаснува претседателот на друштвото,новинарот, поет и публицист Веле Митаноски

Кампот се одржуваше кон крајот на јуни. Одлагањето, како што напоменува Митаноски, им дало идеја, како традиционален термин, и натаму да го задржат крајот на август.

-Годинава,поместен е терминот на одржувањето на Мегународниот музичко-сценски фестивал Охридско лето. Почнува подоцна,надвор од традиционалниот термин (12 јули – 20 август), а, исто така, во последната седмица на август, се одржува и Мегународниот поетски фестивал – Струшките вечери на поезијата. Можеби е далеку подобро, младите поети од Балканот, за кои и така се организира прием во СВП, да бидат во можност директно да ги проследат вечерите на светскиот поетски фестивал, додава Митаноски.

Доколку пак мораат да се потпрат на Интернетот, тогаш, загубата нема да биде преголема. Тоа ќе го надополант со нови содржини, атрактивност и прифатливост.

Годинава, во тајните на книжевното создавање, младите поети ќе ги внесува балканскиот и европски маг, академик Луан Старова, заедно со други истакнати автори. Нема ништо поатрактивно од тоа, на младите литерати од Балканот, во живо, да им објаснува авторот на Балканската сага, но нема биде незначајно ако тоа биде и со дигитален пренос. Покрај Старова, тука се Мајо Даниловиќ, од Белград, еден од најобјавуваните автори на Балканот,како и Валерио Орлиќ, почесен претседател на Хрватското книжевно друштво, носител е на македонски книжевни признанија, ”Струшко слово” (2015) и “Слово “- Битола (2016), како и на балканската награда за поезија “Ацо Караманов” от 46. издание на “Карамановите срдбии на поезијата” (2019).

Тука се и Трајче Кацаров, добитник на награда Ванчо Николески на ДПМ, потоа професоприте д-р Христо Петрески, кој е и претседател на Собранието на ДПМ, односно д-р Живко Андреески и други.

Секако, и непосредниот домаќин на младите, нивниот посакуван учител и постојан придружник, поетот Тоде Илиевски.

Во секој случај, велат организаторите, манифестацијата нема да биде прекината, ако треба и со користење на интернетот и виртуелното поврзување, бидејќи Балканскиот поетски камп за деца и млади Поетски искри од огништето на Ванчо Николески, е значаен и од аспект на мегународната соработка, особено соработката со УНЕСКО.

На тоа ги обврзува и фактот, што годинешната манифестација, ќе мине во знакот на одбележувањето на 108 годишнината од раѓањето и 40 години од смртта на Ванчо Николески, родоначалникот на литературата за деца и млади кај нас, авторот кој беше обврзна литература во сите земји на поранешната југословенска заедница.

Организаторот очекува, како и минатата година, со поздравно писмо на учесниците да им се обрати шефпот на државата,м преетседателот Стево Пендароски.

Покрај од Министерството за култура, Кампот како регионална манифестација, е поддржан од општините Дебрца, Охрид и Вевчани.

Друштво за литература и култура Мацково

Претседател Веле Митаноски с.р.