24/04/2024
Македонија

МНР Димитров ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Словачка во Македонија, Маркуш

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Словачка во Република Македонија, Хенрик Маркуш.

На средбата беше нагласено задоволството од успешниот развој на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Словачка, со акцент на заемните заложби за натамошно зацврстување на пријателските врски.

Министерот Димитров му посака успешна мисија на новиот амбасадорот Маркуш, изразувајќи уверување дека со своето дипломатско искуство и личен ангажман ќе даде значаен придонес во развојот на севкупните односи помеѓу двете пријателски земји.

20180202 MNR 2727

Амбасадорот Маркуш искажа увереност и спремност за натамошно унапредување на блиските релации меѓу Република Македонија и Република Словачка преку континуирано зајакнување на соработката во сите сфери од заеднички интерес.