Мобилност во Измир (Турција) во рамки на Еразмус+ проектот „Бришење бариери преку споделување културни богатства“
Учениците и наставниците имаа можност да бидат дел од разни креативни ликовни и социјални работилници, да творат заедно, да присуствуваат на театарска претстава за легенда поврзана со историско наследство, да посетуваат разни значајни културни наследства заштитени од УНЕСКО, а наставниците исто така имаа обука во рамки на престојот во Измир.
Во рамки на проектот беа реализирани посети на многу природни и културно – историски знаменитости во Измир и околината, како што се античкиот град Агора, замокот Кадифекале (Kadifekale) со прекрасен панорамски поглед на Измир, археолошкиот музеј во Измир, историскиот лифт во Измир (еден од симболите на Измир), плоштадот Конак каде се наоѓа познатата Саат кула во Измир, познатото излетничко местo Караѓол (Karagöl), античкиот град Ефес (Ephesus), куќата на Дева Марија, Пештерата на седумте спијачи и познатото историско село Сиринче (Şirince).
За време на престојот во Измир учесниците од проектот имаа официјален прием од директорот и заменик директорот на одделот за култура во општина Karşıyaka, Измир. Проектот „Бришење бариери преку споделување културни богатства“ се темели на заеднички активности и размена на искуства на оваа тема, а учениците преку запознавање на другите култури се едуцираат да ги почитуваат разликите и да градат мостови меѓу народите.
WebOhrid / 24.01.2022 / ООУ „Ванчо Николески“ Лескоец