29/03/2024
Македонија

МОН: Честит 5ти Октомври – Меѓународен ден на наставниците

Денес се одбележува Денот на наставниците! Празник на оние кои одлучиле да се занимаваат со најблагородната професија – да ги едуцираат и воспитуваат најмладите. Да создаваат индивидуи кои ќе бидат подготвени за справување со секојдневните животни и професионални предизвици и за поставување и остварување на цели и успеси. Да создаваат генерации кои ќе бидат идните носители на општествените текови и двигатели на севкупниот државен просперитет.

Затоа, улогата на просветните работници има посебно знаење и место во секое општество. И мора да го добијат вниманието, кое впрочем и го заслужуваат. Дигнитетот на професија за која се одлучиле и почитта кон нив како индивидуи треба постојано да растат.

Министерството за образование и наука и Владата на Република Македонија се свесни за тоа и, во таа насока правиме напори за подобрување на нивниот статус, преку континуирано подобрување на условите за работа, како од инфраструктурен аспект за опременост на училниците и обезбедување на соодветни нагледни средства и помагала за олеснување на наставата, така и од аспект на унапредување на личната благосостојба преку зголемување на приходите.

Така и ќе продолжиме. Затоа што, задоволството и мотивацијата за работа кај наставниците, кои се најважната алка во воспитно образовниот процес, се основа за негов напредок и поставување и достигнување на повисоки стандарди за квалитет.

Нека е честит денот! Да сте живи, здрави и успешни!

Screenshot 2