20/04/2024
Македонија

МТСП: Исплата на права од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска (5.4.2018 година) изврши исплатата на долунаведените права за месец март 2018 година.

Права од социјална заштита:

  • Социјална парична помош
  • Паричен надоместок за помош и нега од друго лице (туѓа нега) 
  • Цивилна инвалиднина 
  • Мобилност и слепило 
  • Постојана парична помош 
  • Еднократна парична помош 
  • Парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа
  • Сместување во згрижувачко семејство
  • Парична помош за студирање 
  • Парична помош за згрижувач
  • Социјално домување
  • Азиланти домување
  • Социјална парична помош  за азиланти
  • Субвенции за електрична енергија

Права од детска заштита:

  • Детски додаток 
  • Еднократна парична помош за новороденче 
  • Родителски додаток за трето дете 
  • Родителски додаток за четврто дете
  • Единствен родителски додаток 
  • Посебен додаток-за месец 04/2018 година.