20/04/2024
Охрид

Му го одзел мобилниот телефон и почнал да ги користи неговите апликации на социјалните мрежи

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.П.(42) од Охрид, поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Тој, на 24.11.2019, на ул.,,Партизанска“ во Охрид му го одзел мобилниот телефон на Т.В. од охридското село Пештани и почнал да ги користи неговите апликации на социјалните мрежи.