18/04/2024
Македонија

Музикологот Марко Коловски е добитник на наградата за животно дело „Трајко Прокопиев“ на СОКОМ

Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ), пред претстојната манифестација Денови на македонската музика (ДММ), соопшти дека годинава наградата „Трајко Прокопиев“ која претставува највисоко професионално признание кое го доделува СОКОМ на музички творци и музички писатели за долгогодишни значајни остварувања во областа на музичкото творештво и музикологијата, во 2018 година му се доделува на музикологот, публицист, новинар и општественик Марко Коловски…

Коловски е првиот завршен музиколог на тогаш „младиот“ Факултет за музичка уметност во Скопје. „Со сиот свој творечки опус и, паралелно со тоа, – со својата многустрана дејност во областа на музичката култура и културата воопшто, Марко Коловски во изминатите речиси четири децении од неговата творечка активност стана не само столб на македонската музикологија и музичка култура, туку, во многу нешта – и посебен авторитет и своевиден ‘еталон’ за проценка на дострелите на другите чинители и појави во македонската култура“, велат од СОКОМ.

Во текот на својот извонредно богат и плоден творечки живот Марко Коловски беше истакнат уредник во Македонската радио-телевизија и, паралелно со тоа извршувал низа значајни општествени и други функции. Аавтор е на голем број книги посветени главно на македонското творештво, а за две од нив е добитник на наградата „Панче Пешев“ за најуспешно остварување во областа на музичкото творештво и музикологијата.

Автор е и на десетици статии и есеи за различни стручни прашања , автор или ко-автор на повек‌е монографски изданија пишувани по повод јубилеите најважните институции кај нас, учесник е во низа енциклопедиски проекти.
Наградата на Марко Коловски ќе му биде врачена на свеченото отворање на 41-вите Денови на македонска музик на концертот на Македонската филхармонија, во четврток, 22 март во 20 часот.