25/04/2024
Македонија

МВР: 55 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се 45 лица

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (03/04.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 11 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека осум лица не ја почитувале мерката за изолација.