19/04/2024
Македонија

МВР ќе преземе се што е потребно за граѓаните непречено да го искористат своето уставно право на слободно изјаснување

Министерствотo за внатрешни работи апелира до граѓаните, политичките партии и нивните симпатизери, во текот на утрешниот ден (недела 30 септември 2018 година) да ги почитуваат законите, да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир и било какво нарушување на тајноста на гласањето, како што е фотографирање или снимање.

Било какво однесување спротивно на законите МВР нема да толерира и веднаш ќе постапи согласно законите. МВР ќе превземе се што е потребно во недела, 30 септември, граѓаните непречено и мирно да го искористат своето уставно право на слободно изјаснување на својата граѓанска волја.

Согласно стандарните процедури, во министерството е формиран и функционира посебен оперативен штаб, кој има надлежност и овластување да превзема мерки и активности со кои ќе биде гарантирано и овозможено уставното право на изјаснување на секој граѓанин.