19/04/2024
Македонија

МВР: На ниво на целата држава 27 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие (08/09.05.2020) на територијата на Република Северна Македонија на 44 лица им се издадени решенија за изолација, а 27 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за самоизолација.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 27 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 18 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.