29/03/2024
Македонија

МВР со детали за сообраќајната незгода на патот Демир Капија – Удово

На 10.02.2018 година околу 17:50 часот на патот Демир Капија – Удово, на место викано „Маркова чешма“, се случила сообраќајна незгода во која М.Л. (33) од Валандово, управувајќи патничко возило „Опел Корса“ со гевгелиски регистарски ознаки удрила во одрон од камења на коловозот. Веднаш потоа, А.М. (57) од Богданци, управувајќи товарно возило „Волво“ со гевгелиски регистарски ознаки, кој возел зад “Опел“-от, удрил во возилото „Опел Корса“. М.Л. и сопатникот во „Опел“-от П.К. (30) од с.Удово, валандовско, со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Кавадарци. Кај П.К. биле констатирани телесни повреди, додека кај М.Л. биле констатирани тешки телесни повреди. Поради сериозноста на повредите, М.Л. била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Неготино.