20/04/2024
Охрид

МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“, превентивна активност на СВР Охрид

СВР Охрид денеска на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид ја спроведе заедничката кампања на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“. Целта на овој превентивен проект е доближување на полицијата до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата, важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.

Во рамките на проектот, полициски службеници од отсекот за превенција и од полициската станица Охрид, на граѓаните и посетителите во Охрид, им поделија едукативен материјал и низ непосредни разговори ја презентирана улогата на полицијата во заедницата, задолжена за безбедноста на граѓаните и општеството која го гарантира редот, мирот, владеењето на законите, работи на сузбивање на криминалот и води борба со сите криминогени појави во општеството. Кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“, ќе се реализира и во следните четири викенди, на подрачјето што го покрива СВР Охрид.


WebOhrid / 25.03.2023 / СВР Охрид