20/04/2024
Дебрца

На 106 годишнината од раѓањето: „Спомен соба“ и Спомен обележје на родната куќа од бардот на македонската литература за деца и млади, Ванчо Николески

Со поетско – музички хепенинг, денеска, во селото Црвена Вода, во историската Дебрца, завршува овогодинешната, традиционална, книжевната манифестација, „Струшки книжевни средби – 2018“.

Денешните случувања во Црвена Вода се посветенеи на бардот на македонската литература за деца и младинци, писателот и поет Ванчо Николески. Настанот го организираат мештаните од селото, по повод роденденот на Николекси 10 јуни 1912 година, а живееше до 15 април 1980 година.

Ванчо Николески се смета за родоначалник на поезијата за деца, ненадминат и препознатлив по ненаметливите ритам и рима. Зад него стојат повеќе од триесет наслови – збирки на песни, поеми, романи. „Волшебното самарче“ е само еден од нив.

Во спомен на својот славен соселанец, мештаните подготвија „Спомен соба на Ванчо Николекси“ во училишната зграда каде завршил основно образование, како и табла-Спомен обележје на родната куќа.

Присутните на настанот ќе ги поздрави градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, додека споменичното обележје ќе го откријат претседателот на Собранието на ДПМ, професор д-р Христо Петрески и поетот, член на Светската академија на поезијата при УНЕСКО, Мајо Даниловиќ, кој истовремено го води Одделот за Балкан и словенскиот свет при Академијата, со седиште во Верона, Италија.

Во Црвена Вода, учесниците и присутните гости, ќе имаат можност да го погледаат ИЗБОРОТ од вредните дела на реномирани ликовни уметници–учесници на Ликовната колонија “Дебрца”, меѓу кои: Јордан Манасиески, Ѓоко Целески, Васко Ташковски, Јоне Симонче, Вангел Наумоски, Сергеј Андреески, Мето Георгиевски, Петар Мазев и многу други.

На самото место, на мини ”Ликовната колонија”, свои ликовни дела ќе создава познатото уметничко и брачно дуо: Емилија и Стојче Тоциновски од Скопје, единствени, како такви, на Балканот.

Поетите ќе читаат песни од своето творештво. Македонските и српските автори се членови на здружението „Бран“ од Струга и „Седумка“ од Франкфурт на Мајна – Германија, додека од Хрватска,се членови на “ХKД” од Задар и “Ритам мисли” од Вараждин.

Хрватските автори во Македонија доагаат во соорганизација на невладината асоцијација, “Хрватско-македонската Тагента”, а ќе ги поздрави членот на Тангентата амбасадорот Љупчо Арсовски.

Претходно, учесниците на „Струшките книжевни средби – 2018“, ќе одат во селото Белчишта, каде домаќин ќе им биде, градоначалникот Зоран Ногачески.

Покрај приемот, за учесниците е планирано разгледување на Ликовната галерија во село Белчишта, како и презентација на природниот резерват “Сини Вирој”.

Годинава на Книжевната манифестација „Струшки книжевни средби–2018“, има учесници од Македопнија, Србија, Хрватска, Албанија, Русија, Германија и Словенија.