28/03/2024
Охрид

На 6ти март „Аналфабет“ во Центарот за култура во Охрид

На репертоарот во Центарот за култура во Охрид ќе биде повторно изведена претставата “АНАЛФАБЕТ” – комедија, работена според Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Преставата ќе се одигра на 6ти март (среда), со почеток во 20:00 часот.

Во претставата играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Адријана Билаловиќ Тодороска – Магдалена Лапајкоска – Дупева.

Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.

*Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.