28/03/2024
Охрид

На Божиќната литургија присуствуваше и в.д градоначалникот Константин Георгиески

На светатата архиерејска василева литургија, што по повод  одбележувањето на  Рождеството  Христово Божиќ, утрово се одржа  во црквата „Св.Георги“ во Горна влашка маала, присуствуваше и вршителот на должноста градоначалник на општина Охрид Константин Георгиески. На литургијата, со која чиноначалствуваше  Митрополитот  на Дебарско- кичевската епархија г. Тимотеј, во присуство на бројни верници , беа упатени Божиќни пораки  во духот на големиот празник на Христовото раѓање.

Утре, на  8-ми јануари, втор ден Божиќ, Собор на Пресвета Богородицасвета архиерејска златоустова литургија ќе има во црквата „Света Богородица“-Челница со почеток во 08:45 часот. Света литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот.