20/04/2024
Македонија

На ГАК се роди бебе во „водена обвивка“, редок медицински феномен – еднаш во 80 илјади породувања

На ГАК неделава се роди бебе во „водена обвивка“. Ова претставува редок медицински феномен – еднаш во 80 илјади породувања.

„Оваа обвивка е сместена во матката на мајката. Исполнета е со течност, која го штити бебето од бактерии и вируси од надворешната средина во текот на неговиот развој. Пациенката е породена со царски рез, а второто бебе е родено во амнионска обвивка. На мајката и посакувам добро здравје, а близначињата секогаш да ја радуваат и да биде горда на нив. Д-р Елена Ѓоргиевска-Николовска и д-р Катерина Николоска Ви благодарам за овие ретки моменти. Ви благодарам за сета грижа за нашите најмали. Големо браво! “, напиша на својот ФБ профил, министерот за здравство, д-р Венко Филипче.