19/04/2024
Македонија

На ГП Ќафасан лишен од слобода е албански државјанин

На 08.10.2021 во 23.25 часот на Граничниот премин Ќафасан бил лишен од слобода Г.Б.(29) од Р.Aлбанија. По извршени гранични проверки било констатирано дека тој во службената евиденција е мерка „апси“ по распишана потерница од Интерпол – Р.Унгарија. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.